Симона Халеп се откажа од турнирот во Сингапур

Лидерката на ВТА листата, Романката Симона Халеп нема да учестува на завршниот турнир од сезоната во Сингапур. Таа соопшти дека проблемите со грбот не и дозволуваат да биде дел од битките на најдобрите осум тенисeрки во годината.

„Одлуката беше тешка. Ова ми е првпат во животот да се повлекувам поради повреда, но тоа е најдобро за моето здравје. Не тренирам четири недели и не сум подговтена“  вели Халеп.

Местото на Хелеп на турнирот во Сингапур ќе и припадне на Холанѓанката Кики Бертенс. Турнирот почнува следниот понеделник, а ќе учествуваат и Кербер, Осака, Свитолина, Квитова, Вознијаки и Плишкова.

 

Се вчитува...