Барселона тргнува во акција за ангажман на стоперот на Наполи, Калид Кулибали, кого планира да го доведе во јануарскиот преоден рок.
Актуелниот шпански шампион се наоѓа во големи проблеми со дефанзивната линија поради повредите на Самуел Умтити и Томас Вермален, па приоритет за зимскиот преоден рок е стопер.
Италијанските медиуми веќе на големо пишуваат дека Барселона нема да штеди пари да го донесе сенегалскиот репрезентативец. Каталонците се подготвени за неговите услуги да платат дури 100 милиони евра. Доколку Наполи тоа го прифати ќе биде соборен рекорд по прашање на отштета за стопер кој е во сопственост на Ливерпул. „Црвените“ на почетокот на 2018 година за Ван Дијк му платија на Саутемптон сума од 78,8 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА