Македонскиот селектор Раул Гонзалес го скрати првичниот список на играчи во пресрет на квалификациите за ЕП 2020, па денеска беа објавени имињата на 20-те ракометари кои во понеделник ќе треба да се појават на првата прозивка во хотелот „Александар Палас“.
На списокот нема преголеми изненадувања, а по добриот старт на сезоната во домашното првенство се повикани дури пет ракометари на Работник, и тоа Гоце Ојлески, Филип Чурлевски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски и Никола Маркоски.
Кире Лазаров ќе биде предводник на Македонија и во овој квалификациски циклус, што „црвено-жолтите“ го отвораат со дуелот во Битола против Турција на 25 октомври, за три дена подоцна да следи гостувањето против Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА