Азар: Би можел во Челси и да ја завршам кариерата

Белгискиот интернационалец Еден Азар (27) само неколку дена откако изјави дека би сакал да го носи дресот на Реал Мадрид, искажа сосема спротивен став. Вели дека нема проблем и да ја заврши кариерата во англискиот премиерлигаш Челси.

„Би можел да ја завршам кариерата во Челси. Немам проблем со тоа. Многу сум среќен во овој клуб, со тимот, а и моето семејство е среќно во Лондон. Но, и доколку одам во Шпанија, тоа нема да биде проблем. Што и да се случи, јас ќе бидам среќен“, изјави Еден Азар.

Белгискиот репрезентатовец во 2012 година пристигна на „Стемфорд бриџ“ од редовите на францускиот Лил. За „сините“ одигра 310 натпревари и постигна 97 гола. Во дресот на Белгија настапи на 95 мечеви и постигна 27 погодоци.

Се вчитува...