Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, не верува на гласините дека Бразилецот Нејмар би можел следното лето да се врати во Барселона. Неговиот трансфер од 222 милиони евра се уште е рекорден во светот на фудбалот.
„Се што можам да кажам е дека Нејмар е фудбалер на ПСЖ и јас сум среќен што го има во тимот. Тој е еден од најдобрите во светот“, изјави Томас Тухел.
Најавите од Каталонија се дека Нејмар следното лето е подготвен да се врати на „Камп Ноу“. Бразилецот е исто така желба и на вечниот ривал Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА