Вонредната прес-конференција на Баерн Минхен предизвика големо внимание во Германија. Откако пред медиумите се обратија челниците Ули Хенес, Карл-Хајнц Румениге и Хасан Салихамиџиќ дојде до жестоки реакции во германската јавност.
Германските медиуми сега се едногласни дека челниците на Баерн – претераа, одржувајќи срамна прес-конференција.
„По оваа прес-конференција, тешко е да се порекне дека клупското водство, по десеттици години владеење на Хенес и Румениге, изгубило контакт со реалноста“ – пишува угледниот „Дер Шпигел“.
Дури и секогаш умерениот „Кикер“ наведува дека медиумите мора да имаат право на критика на клубот, а „Спорт Билд“ носи наслов: „Прес за паметење. Апсудрни изјави на шефовите на Баерн“.
Дополнителен чекор повеќе во критиките оди „Спорт1.де“:
„Тоа што се случи сега никогаш порано не се случило во Баерн. Нападот на медиуми, фудбалски аналитичари и поранешни фудбалери е без преседан.“
По вчерашната прес-конференција, на која беше буквално нападната целокупната германска јавност, а во одбрана на Нико Ковач и фудбалерите се огласија и навивачите на Баерн преку социјалните мрежи. Поголемиот дел и од нив сметаа дека настапот на шефовите беше „срамен“…
What do you think of today’s press conference?
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) October 19, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА