Мурињо: Челси може да стане шампион, го има најдобриот играч во Премиер-лигата

Манчестер јунајтед се соочува со нов сериозен предизвик со денешното гостување на „Стемфорд бриџ“ против Челси, на кое евентуален убедлив пораз би можел повторно да го зголеми притисокот врз Жозе Мурињо. Португалецот со најголеми комплименти говореше за својот поранешен клуб, истакнувајќи дека нема да биде изненаден доколку „сините“ на крајот од сезоната стигнат до титулата.

„Резултатите од првите натпревари говорат доволно. Челси може да стане шампион, игра добар фудбал, а воедно и не е дел од ЛШ, па може да се фокусира само на настапите во Премиер-лигата. Исто така, го имаат Еден Азар кој игра извонредно, а историјата вели дека кога Азар е најдобар во лигата, Челси редовно станува шампион. Нормално дека би сакал тој повторно да игра за мене, но јасно е дека Челси никогаш не би го продал на Манчестер јунајтед и тука завршува секоја дискусија на оваа тема“ – истакна Мурињо.

Натпреварот меѓу Челси и Манчестер јунајтед стартува со почеток во 13.30 часот на „Стемфорд бриџ“ во Лондон.

Се вчитува...