Кадетската репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години од денеска ги почнува квалификациите во првата фаза за Европското првенство до 17 години.
Македонија на турнирот кој ќе се игра на терените на ФФМ центарот во Скопје е во Групата 4 заедно со Шпанија, Израел и Фарски Острови. Денеска избраниците на Марио Вујовиќ од 15:15 часот го играат првиот натпревар против Шпанија….
„Нашата цел е добар резултат на турнирот и борба за влез во елитните квалификации за пласман на Европско првенство. Подготвени сме, иако се соочивме со одредени проблеми во однос на составот. Костовски е повреден,a поради административни пречки Јорданов нема да биде во конкуренција за голманската позиција. Сметам дека во овој тим голема поддршка и квалитет ќе донесеше Никола Секулов доколку беше во репрезентацијата, но иако добиваше покана за настап на секој контролен натпревар до овој турнир, Секулов не ја прифаќаше, односно не сакаше да игра за Македонија, а на крајот дури бевме условени од неговиот родител со повик и за неговиот брат во генерацијата 2000., за Никола Секулов да се стави на располагање на нашата репрезентација. Како и да е, ние сме сконцентрирани на натпреварите кои ни следуваат, ќе биде многу тешко со првиот фаворит Шпанија, но шансата ќе ја бараме со репрезентациите на Израел и Фарски Острови“ – вели селекторот Марио Вујовиќ.
На мини турнирот кој се игра од 20. до 26 октомври, натпреварите се играат согласно следниот распоред:
Датум | Час | Натпревар | Стадион |
20. октомври, 2018 | 11.00 | Фарски Острови – Израел | ФФМ Тренинг Центар |
20. октомври, 2018 | 15.15 | Шпанија – Македонија | ФФМ Тренинг Центар |
23. октомври, 2018 | 11.00 | Шпанија – Фарски Острови | ФФМ Тренинг Центар |
23. октомври, 2018 | 15.15 | Израел – Македонија | ФФМ Тренинг Центар |
26. октомври, 2018 | 14.30 | Македонија – Фарски Острови | ФФМ Тренинг Центар |
26. октомври, 2018 | 14.30 | Израел – Шпанија | Национална Арена |
Селекторот на Македонија до 17 години, Марио Вујовиќ смета на следните 20. фудбалери:
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Филип Ваневски (Њу Старс); Одбрана: Спасе Терзиев (Академија Пандев), Анатолиј Петајчук (Вардар), Али Асани (Вардар), Бесфорт Арифи (Мастрих, Холандија), Александар Ѓурковски (Вардар), Иван Николов (Академија Пандев), Горазд Стојменов (Њу Старс), Нешад Мурати (Шкендија); Среден ред: Димитар Тодоровски (Работнички), Марио Илиевски (Септември, Бугарија), Филип Андоновски (Вардар), Лука Станковски (Работнички), Владан Новевски (Војводина, Србија); Напад: Бехар Фетаи (Њу Старс), Сава Аврамовски (ОФК Београд, Србија), Марио Костески (Работнички), Методи Максимов (Работнички), Азер Омерагиќ (Вардар).
Елитната фаза на квалификации за Европското првенство во Република Ирска 2019 ќе се одиграат во март следната година, а место во елитните квалификации покрај носителите Англија и Германија ќе обезбедат првите две екипи од 13-те групи во оваа квалификациска фаза, како и четири најдобропласирани трети кои ќе имаат најдобар скор против првите две екипи во својата група.
Европското првенство кое ќе се одржи во Република Ирска во мај 2019 година исто така ќе биде и квалификациски турнир за Светското првенство до 17 години во Перу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА