Себастијан Фетел и Луис Хамилтон имаат по четири шампионски титули во Формула 1 првенството, но само Британецот може уште викендов да дојде и до петтата на трката за големата награда на САД.
Наједноставното објаснување за тоа што му е потребно на Хамилтон за да ја одбрани титулата во најбрзиот шампионат, уште вечерва во Остин е дека му треба да освои осум бода повеќе од Фетел. Ќе има убава шанса, бидејќи ќе стартува од пол – позицијата, а Фетел од петтото место, поради казната што ја заработи на тренингот во петокот. Инаку, Фетел се избори за второ најдобро време во квалификациите.
Ако Хамилтон победи на трката, за титулата да биде негова ќе му треба Фетел да биде третопласиран. Ако Хамилтон е втор, ќе му треба Фетел да биде петти, а ако е трет, ќе му биде потребно Германецот да заврши најмалку како седми.
Ако Британецот заврши на седмото место или дури има полош пласман од тоа, битката за титулата се сели во Мексико.
По големата награда на САД, во Формула 1 шампионатот ќе има уште три трки. Хамилтон во моментов има 67 бода повеќе од Фетел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА