У-17: Каква штета…. Македонија загуби со гол во 95. минута од големата Шпанија (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години доживеа несреќен пораз од 1-0 од големиот фаворит Шпанија на стартот од квалификациите за ЕП. Надежите одиграа рамноправен меч со „црвената фурија“ но примија гол во 95. минута од мечот, кој значеше пораз во првиот меч од првата квалификациска фаза која се игра до 26. октомври на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Избраниците на Марио Вујовиќ одиграа максимално рамноправен натпревар со една од најдобрите европски репрезентации во оваа генерација. Иако двете селекции имаа свои шанси, на крајот се чини реални 0-0. Македонија најубавата шанса во првото полувреме ја имаше преку фудбалерот од средниот ред на новосадска Војводина, Владан Новевски кој одлично шутираше од 18 метри но шпанскиот голман одбрани.

Во вториот дел младите македонски фудбалери повеќе од успешно парираа на фаворитите, но со голот на Салазир Пириз буквално во последните секунди од мечот Шпанија дојде до победа од 1-0, во судиско продолжение кое зачудувачки се играше повеќе од осум дополнителни минути.

Во првиот натпревар од 1. коло во групата која се игра во Скопје, Израел сосема очекувано убедливо со 6-0 славеше против Фарските острови.

У17 – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП (прва фаза – 1. КОЛО)

ШПАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1-0 (0-0)

Тренинг центар на ФФМ. Гледачи 100. Главен судија: Јанис Пападопулос (Грц). Стрелци: Салазар Пириз 95′ (Ш). Ж. картони: Салгуеро, Карењо (Ш), Максимов, Тодоровски, Алчевски, Фета (М).

ШПАНИЈА: Хименез, Марса, Аласид, Пико, Сантош, Ескобар, Карабините, Карењо, Салгуеро, Менаргес, Пиња.

МАКЕДОНИЈА: Алчевски, Ѓурковски, Асани, Тодоровски (76′ Андоновски), Николов, Стојменов, Аврамовски (76′ Фета), Илиевски, Новевски, Максимов, Костески (90′ Петејчук).

Селектор: Марио Вујовиќ

Се вчитува...