Разочарувачки пораз доживеја младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години во првиот меч од стартната фаза во квалификациите за ЕП, против една од најдобрите светски селекции во оваа генерација – Шпанија.
На стартот од квалификацискиот турнир кој до 26. октомври се игра во Скопје, избраниците на Марио Вујовиќ загубија со гол во 95. минута, во меч кој крајно зачудувачки го одбележа трагичното судење во финишот на грчкиот судија Јанис Пападопулос.
Грчкиот судија, на изненадување на сите присутни на тренинг центарот „Петар Милошевски, одлучи на крајот на мечот да му додели плус 9 дополнителни минути судиско продолжение. Па, во 95. минута Шпанците дојдоа до посакуваната победа…. На разочарување на младите македонски фудбалери кои со солзи го напуштија теренот на ФФМ….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА