Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона се најде во центарот на вниманието по изјавата на сметка на Лионел Меси.
Марадона ја налути фудбалската јавност во Аргентина со изјавата дека Лионел Меси никогаш не може да биде лидер на репрезентацијата или некој тим затоа што 20 пати пред натпревари оди во тоалет. Но, Марадона не очекуваше дека ќе наиде на така жестока реакција во јавноста, па се одлучи да се обиде да ги смири страстите.
Откако јавноста реагираше дека Марадона веќе не знае што зборува, аргентинската легенда истакна дека медиумите му ја измислиле изјавата иако пред неколку денови и самиот пред ТВ камери потврди дека тоа го кажал.
„Тоа што се случи е дека медиумите се обидуваат да направат судар меѓу мене и Меси. Се што објавија измислија. Мојот однос со Меси е поголем од се што било кога ќе напишат. Тој е за мене најдобар играч на светот“ – порачува сега Марадона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА