Кумановци продолжуваат победнички: Лесен триумф и во Охрид

Кошаркарите на Куманово продолжуваат победнички на стартот од новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига. Во 3. коло од шампионатот Куманово стигна и до третата победа, овој пат славејќи убедливо со 67-94 на гостувањето против Охрид.

Уште во првата четвртина кумановци јасно посочија кој е кој на овој меч добивајќи ја со 8-32. Па понатака се беше само рутина, одржувајќи ја предноста до самиот крај, иако охриѓани во втората и третата четвртина заиграа далеку подобро.

Најефикасен во редовите на Куманово беше Думиќ со 21 поен, дополнето и со четири асистенции и три скока, а по 11 поени постигнаа Ѓекиќ и Стојановски. Кај домашните се издвоија Младеновиќ и Миладиновиќ со 14 односно 13 постигнати поени.

Куманово по три кола, заедно со Работнички и со Блокотехна, се единствените три екипи со максимален ефект. Охриѓани, пак, имаа три порази во трите натпревари на стартот од сезоната.

Се вчитува...