Еден од најдобрите македонски автомобилисти, Виктор Давидовски успешно ја заокружи дебитантската сезона во европскиот ТЦР шампионат.
На втората трка во Барселона, денеска, Давидовски запиша солиден настап завршувајќи на 15. место, подобрувајќи го на тој начин својот пласман за едно место во однос на првата трка која се возеше во текот на вчерашниот ден.
Возачот на „ПСС Рејсинг тим“ на тој начин ја затвора сезоната во која реализиран е клучниот момент за стекнување на соодветното искуство во атрактивниот европски шампионат пред следните сезони кои се очекуваат со далеку поголеми амбиции.
Нашиот втор претставник во ова натпреварување, Игор Стефановски-Иџе го пропушти последниот натпреварувачки викенд поради проблеми со својот автомобил.
Но шампион во ТЦР првенството е Шпанецот Микел Аскона, пред Жан-Карл Верне и Душан Борковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА