Златан Ибрахимовиќ од јануари во Реал Мадрид

Реал Мадрид планира да го доведе Златан Ибрахимовќ во обид да ја потполни празнината што се отвори со заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус. „Кралскиот клуб“ се соочува со големи резултатски проблеми во отсуство на Португалецот. Мадриѓаните се без победа на пет последовни натпревари.

Планот наводно е Ибрахимовиќ кој е дел од Лос Анџелес Галакси да биде доведен на кратка позајмица за време на паузата во МЛС лигата.

Реал Мадрид е на седмото место на табелата во Ла Лига. Во викендот загуби од Леванте и запиша неславен рекорд од 481 минута без постигнат гол.

 

 

Се вчитува...