Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал е трн во окото на тренерот Ернесто Валверде. Неговото незадоволство поради малата минутажа кулминираше на мечот против Севилја (4-2) на која откако не доби шанса за настап, по третата извршена замена, тој симулираше дека спие на клупата за резервни фудбалери. Ова жестоко ги налути сите во Барселона, од раководството, преку стручниот штаб, па се до фудбалерите. Најенергична е реакцијата на Лионел Меси, кој побарал Видал да си замине од клубот.
Чилеанецот ова лето пристигна на „Камп Ноу“ и потпиша тригодишен договор, откако за сума од 20 милиони евра се пресели од редовите на Баерн Минхен. Барселона во последен момент го „украде“ пред носот на Интер, кој го сакаше Видал откако не успеа да дојде до Лука Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА