Македонскиот селектор Раул Гонзалес утрово го објави списокот на играчи на чии услуги ќе смета на премиерниот меч од квалификациите за ЕП 2020, на кој „црвено-жолтите“ вечерва во Битола ќе ја пречекаат селекцијата на Турција.
Изненадувачки, меѓу четворицата отпишани се наоѓа и името на Филип Чурлевски, талентираниот среден бек на Работник за кого се очекуваше да настапи на денешниот дуел, што ќе се игра во салата што го носи името на неговиот татко, „Боро Чурлевски“. Сепак, Гонзалес процени дека Чурлевски не треба да биде дел од овој меч, исто како и неговиот соиграч од Работник, Крстевски, како и голманите Митревски и Даскаловски. Неофицијално, за следниот дуел со Грција ќе дојде до ротација на голманската позиција, па Митревски и Даскаловски би требало да бидат чувари на мрежата на дуелот што в недела ќе се игра во Кожани.
Ова значи дека Македонија на дуелот со Турција ќе истрча во состав: Борко Ристовски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Столе Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Филип Талески, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Немања Прибак, Кире Лазаров, Мартин Велковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА