Повредата на Марсело не е од посериозен карактер и тој ќе може да настапи на големото дерби со Барселона, известуваат шпанските медиуми. Бразилецот денеска се приклучи на тренинзите на Реал Мадрид и според најавите, ќе биде подготвен за неделното „ел класико“
Левиот бек на Реал Мадрид се здоби со повреда во дуелот од Лигата на шампионите против Викторија Плзен на „Сантијаго Бернабеу“ на кој Реал славеше победа (2-1), а Бразилецот беше стрелец на вториот гол.
Тренерот на мадридскиот тим, Хулен Лопетеги, соопшти дека Марсело добил непријатен удар, но дека не се работи за сериозна повреда.
„Ел Класико“ се игра в недела на „Камп Ноу“. Дуелот ќе го пропушти десниот бек Дани Карвахал кој се уште се опоравува од повредата со која се здоби на почетокот на октомври, а неизесен е настапот на Маријано Дијаз кој денеска не тренираше со тимот, но се очекува да патува за Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА