Битола денеска живее за ракомет, со оглед на фактот дека Македонија по 15 години ќе биде домаќин на еден репрезентативен натпревар токму во салата „Младост“, што сега го носи името „Боро Чурлевски“.
Како што се ближи почетокот на средбата (20.15 часот), така се зголемуваше и еуфоријата во „градот на конзулите“. На „Широк сокак“ на патот кон салата неколку навивачи запалија и бакљи, а на еден час пред стартот трибините на салата се исполнети речиси до последно место.
Една работа е повеќе од сигурна, нашите ракометари вечерва ќе имаат оромна поддршка од навивачите, на нив е тоа да го претворат во убедлива победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА