Раководството на Грчката фудбалска федерација (ЕПО) му врачи отказ на селекторот Михаел Скибе и на негово место на клупата на грчката репрезентација го назначи домашниот стручњак, Ангелос Анастасиадис.
Германскиот стратег доби отказ по лошите резултати на грчката репрезентација во Лигата на нациите што е веќе трето натпреварување во кое Грците се без позначаен резултат.
Скибе ја презеде репрезентацијата на Грција во 2015 година и под негово водство Грците не успеаја да се пласираат на Европското првенство во 2016, а потоа го пропуштија и Светското првенство во 2018.
Репрезентацијата на Грција моментно е на второто место во групата 2 во третата категорија од Лигата на нациите со шест бода помалку од Финска која е лидер во групата и речиси без шанси за пласман во повисок ранг.
Новиот грчки селектор во својата тренерска кариера ги водеше Панатинаикос и ПАОК, а од 2004 до 2011 година беше селектор на репрезентацијата на Кипар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА