Англискиот премиерлигаш Челси ја оствари и третата победа во Лигата на Европа, совладувајќи го Бате Борисов на „Стемфорд бриџ“ со 3-1. Во отсуство на повредениот Азар, младиот Рубен Лофтус – Чик беше стрелец на хет – трик за „сините“ од Лондон. Единствениот гол за белорускиот состав го постигна Риос во 80.минута.
Бобан Николов и Види го освоија Солун. Унгарскиот тим славеше со 0-2 против ПАОК, а македонскиот репрезентативец влезе во игра во 79.минута од средбата. Хушти и Стопира беа стрелци на головите за Види во првото полувреме од мечот.
Убедлив триумф оствари Севилја, декласирајќи го Акхисарспор со 6-0. Меса, Сарабија, Мјуриел, Промес и Меркадо стрелаа во мрежата на гостите, а автогол си постигна Лукач. Лацио со 1-3 го совлада Олимпик Марсеј на гости, а Вилјареал со 5-0 го победи тимот на Рапид Виена.
Лига Европа, резултати
Група Г: Глазгов Ренџерс – Спартак Москва 0-0, Вилјареал – Рапид Виена 5-0
Група Х: Ајнтрахт Франкфурт – Аполон Лимасол 2-0, Олимпик Марсеј – Лацио 1-3
Група И: Бешикташ – Генк 2-4, Сарпсборг – Малме 1-1
Група Ј: Севилја – Акисарпор 6-0, Стандард – Краснодар 2-1
Група К: Јаблонец – Астана 1-1, Рен – Динамо Киев 1-2
Група Л: Челси – Бате Борисов 3-1, ПАОК – Види 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА