Рома во текот на јануарскиот преоден рок ќе го продаде еден од своите најдобри фудбалери, Ченгиз Ундер.
Иако Турчинот во Рома пристигна само пред една година се чини дека и дефинитивно во јануари ќе се раздели од Рим. Ундер игра во извонредна форма, па веќе е на мета на Арсенал, Манчестер јунајтед, Сити и Барселона.
Како што пишува „Кориере дело спорт“, Арсенал сакал да го донесе уште изминатово лето, но тогаш Рома не попуштила пред „налетите“ на „топчиите“. „Волчицата“ наводно овој фудбалер нема да го продава под цена од 50 милиони евра, која големите европски клубови очигледно се подготвени да ја платат.
Ундер сезонава досега одигра 10 натпревари за Рома, притоа со три постигнати гола и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА