Работна група ќе ги проценува идеите на Џани Инфантино за новите натпреварувања, Светската лига на нации и Клупскиот светски куп. Ова е одлуката од Конгресот на Советот на ФИФА во Кигали.
Одлуката била донесена „за да бидат добиени повеќе информациии и за да бидат разгледани различните гледишта меѓу лигите, клубовите и националните федерации“, вели неименуван член на Советот.
Главен противник на реформите на претседателот на ФИФА се големите европски лиги, но и УЕФА и нејзиниот претседател, Александер Чеферин. Имаше најави дури и дека тој и неговите соработници ќе го напуштат состанокот на советот поради незадоволството од предлозите на Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА