Машката ракометна репрезентација на Македонија утре (16 ч.) во Кожани и гостува на Грција во вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020. Според рејтингот и квалитетот, македонските ракометари се во улога на фаворити и се освен убедлива победа би било големо изненадување. За односот на силите свесни се и во грчката репрезентација. Домаќините потенцираат дека играат од „големите сили“ во овој ракометот.
„Пред нас имаме многу тежок натпревар бидејќи противникот е е една од големите сили во овој спорт. Одигравме исто така тежок натпревар со Исланд. Подготвени сме да се бориме за добар резултат на почетокот од овие квалификации за ЕП 2020“ – истакнува селекторот на Грција, Гианис Арванитис.
Иако фаворитската улога како што велат е на страната на противникот, во грчката репрезентација веруваат дека ќе бидат достоен ривал и ќе прикажат голема борбеност на домашен терен.
„Ние не може да бидеме фаворити во овој дуел, но играме на домашен терен и треба да бидеме конкурентни, да покажеме енергија и страст на теренот. На почеток сме на квалификациите, за нас ќе биде крај ако загубиме, а од друга страна ќе биде голема предност за нас ако се избориме за позитивен резултат. Ние мора да го контролираме темпото, тоа е многу важно за утрешниот натпревар“ – вели капитенот на грчката репрезентација, Харис Малиос.
Во првото коло од квалификациите за ЕП 2020 година, Македонија стартуваше со победа против Турција (31-27), а Грција беше декласирана на гостувањето во Исланд (35-21).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА