Серијата победи на Борусија Дортмунд во Бундес-лигата беше прекината со денешното реми против Херта, во кое гостите од Берлин со пенал во судиското продолжение успеаја да му земат бод на лидерот на табелата. Алкасер поради повреда не настапи, но Санчо беше расположен за игра и постигна два гола за „милионерите“ што се чинеа доволни за да се прокнижат нови три бода. Сепак, кога домаќините почнаа да ги слават бодовите гостите од Берлин добија пенал во 91. минута што Саломон Калу го претвори во гол за израмнување.
Баер Минхен славеше со 1-2 на гостувањето против Мајнц, преполовувајќи ја негативата во однос на Борусија што сега изнесува само два бода. Тијаго постигна гол во 30. минута што беше поништен со ВАР-технологија, но баварскиот гигант продолжи да напаѓа и заслужено стигна до цел плен благодарение на головите на Горецка и на Тијаго Алкантара.
Резултати Германија:
Борусија Д. – Херта 2-2, Фортуна Д. – Волфсбург 0-2, Хановер – Аугсбург 1-2, Мајнц – Баерн М. 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА