Ериксон, нов селектор на Филипините

Шведскиот стратег Свен Горан Ериксон е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Филипините. Тој потпишал договор на шест месеци и ќе ја предводи селекцијата во Купот на Азија, на почетокот на 2019 година. Тоа е прва работа за 70-годишниот Ериксон откако во јуни минатата година доби отказ од кинескиот Шенжен.

Ериксон во кариерата беше тренер на големи европски клубови, Рома, Фиоретина, Лестер, Лацио, Манчестер сити, а беше селектор на Англија од 2001 до 2006 година, како и предводник на селекцијата на Брегот на Слоновата Коска на СП во Јужна Африка.

Се вчитува...