Пилотите на Ред Бул го запоседнаа првиот стартен ред за Формула 1 трката за големата награда на Мексико. Даниел Рикардо во последните минути од квалфикациите се избори за пол позицијата и му го одзеде приматот на клупскиот колега, Макс Ферстапен кој беше најбрз во двете воведни квалификациски сесии.
Кандидатите за титулата, Луис Хамилтон и Себастијан Фетел ќе бидат во вториот стартен ред. Британецот на третата, а Германецот на четвртата позиција.
Во пресрет на утрешната трка, Хамилтон има одлична можност да ја завери петтата шампионска титула. Има 70 бода повеќе од Фетел и треба да биде до седмата позиција, ако Фетел победи. Ако Германецот не успее да триумфира било кој пласман ќе значи нов трофеј за шампионот.
Хамилтон и минатата сезона, титулата ја потврди на трката во Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА