Анри и понатаму без триумф на клупата на Монако

Ниту Тиери Анри не може да го препороди тимот на Монако. Прославениот фудбалер седна на клупата на „кнезовите“, но се уште е без триумф. Монако на домашен терен вечерва ремизираше (2-2) против Дижон, и всушност се спасуваше од пораз.

Хенрикс го доведе Монако во водство во 28.минута, но потоа Дижон возврати уште посилно. Алфонс израмни, а Абеид во 57.минута донесе предност за гостите. Во финишот, Глик успеа да донесе бод за Монако со погодокот во 78.минута од мечот.

Лил славеше дома против Каен со 1-0, со голот на Рафаел Леао, а Нант оствари гостински триумф (1-2) над Амиен. Лион исто така со 1-2 го совлада Анже во првиот меч од денешната програма во францускиот шампионат.

Се вчитува...