Шпанскиот мотоциклист Маверик Виналес триумфираше на трката за Големата награда на Австралија, додека шампионот Марк Маркез се откажа по инцидентот со Зарко.
Виналес успеа да ја прекине големата доминација на Хонда, па на Јамаха и донесе голема победа во Мелбурн. Младиот шпански возач речиси и да не беше воопшто забележителен во првиот дел од трката, но со одлична тактика во вториот дел успеа да им парира на водечките и на крајот да дојде до победата.
Текот на трката значително се промени по инцидентот меѓу Маркез и Зарко. Французинот со одличен маневр тргна во напад на шампионот, но доцна реагираше на кочниците, па удри во Маркез по што Зарко имаше тежок пад, за среќа без последици.
Зарко повеќе не се враќаше на трката, а Маркез беше приморан да се откаже по штетата на моторот. Виналес тоа го искористи и дојде до голема победа. На пиедесталот завршија и Ианоне и Довициозо.
За Јамаха ова беше прва победа по трката во Холандија 2017 година, па со триумфот на Винелас заврши нивниот најдолг пост во Мото ГП шампионатот.
The losing streak is over ?@maverickmack25 takes Yamaha’s first win since the 2017 #DutchGP ?#AustralianGP ?? pic.twitter.com/JT0wwIXOgN
— MotoGP™??? (@MotoGP) October 28, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА