ЕКИПА во Кожани,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски
ФОТО: Роберт Спасовски
Сместени во ист хотел, македонските и грчките репрезентативци во крајно мирна атмосфера ја очекуваат меѓусебната пресметка во Кожани во квалификациите за ЕП, која стартува од 16 часот по македонско време.
Мирно е во хотелскиот комплекс кој е издвоен од Кожани, па низ релаксирани последни часови течат подготовките за квалификацискиот натпревар.
Македонските репрезентативци претпладнето, минутите за одмор, ги минаа и во друштво на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов. Грците, пак, искористија мигови за друштвени игри како финална подготовка за мечот. И едните и другите и тоа како добро знаат дека Македонија е голем фаворит за триумф на денешниот натпревар. Само што тоа избраниците на Раул Гонзалез ќе треба добро да го потврдат и на терен…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА