Околу 30 Македонци, но без знамиња и обележја, ќе ги бодрат ракометарите во Кожани

ЕКИПА во Кожани,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева

ФОТО: Роберт Спасовски

Иако претходно Грчката ракометна федерација категорично одбиваше присуство на македонски навивачи на трибините во салата во Кожани на квалификацискиот натпревар меѓу Грција и Македонија, сепак Ракометната федерација на Македонија се избори и за македонска поддршка на денешниот дуел.

Околу 30 Македонци, кои веќе пристигнаа во хотелот на македонските ракометни репрезентативци, од 16 часот ќе бидат присутни и на трибините во спортската сала во Кожани.

 

Грците на крајот се согласија да биде овозможен влез и за 30 навивачи, кои се пријавени како гости на Ракометната федерација на Македонија. Со тоа што, како не би се предизвикале несакани инциденти, ќе бидат без никакви македонски обележја.

Се вчитува...