Претседателот Мукаетов и навивачите со полициски кордон во салата (ФОТО)

ЕКИПА во Кожани,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева

ФОТО: Роберт Спасовски

Претседателот на Ракометната федерацијата на Македонија, Живко Мукаетов, во друштво на генералниот секретар Филип Милошевски и групата блиски соработници и навивачи пристигна во салата во Кожани под силно полициско обезбедувње.

Македонската делегација е сместена во еден од аглите на салата, под полициска заштита за да не дојде до инцидент за време на натпреварот.

Едно е јасно, ракометарите и во Кожани ќе имаат поддршка од трибините, во обид да стигнат до нова победа со која широко ќе си ја отворат вратата на патот кон нов европски шампионат.

 

 

 

Се вчитува...