Фудбалерите на Милан славеа пред своите навивачи на „Сан Сиро“ во извонреден натпревар од 10. коло во Серија А со 3-2 против Сампдорија.
Во повеќе од драматичен меч, „миланезите“ дојдоа до предност со голот на Кутроне уште во 17. минута. Но Сампдорија дојде до пресврт со головите на Сапонара во 21. минута и Кваљарела во 31. минута.
„Црвено-црните“, сепак, не дозволија пораз пред своите навивачи па до триумфот дојдоа со головите на Игуаин во 36. минута и прекрасниот гол на Сусо во 62. минута со шут од околу 25 метри…
Милан со оваа победа се израмни со Сампдорија на делба на шесттата позиција на табелата со 15 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА