Хамилтон: Напорната работа ми ја донесе петтата круна

Британскиот возач Луис Хамилтон е старо-нов шампион во Формула 1. Тој стигна до петтото шампионско признание во кариерата, откако на синоќешната трка во Мексико го освои четвртото место.

„Чудно е чувството, да не победиш на трката, а на крајот да славиш. Мислам дека титулата е наполно заслужена, затоа што работевме напорно заедно со тимот на Мерцедес во текот на целата сезона. Тоа на крајот ја донесе и титулата. Драго ми е што го достигнав Хуан Мануел Фанџо, кој исто така победуваше со Мерцедес“, изјави Луис Хамилтон по новата шампионска титула во Формула 1.

Се вчитува...