Интер го продолжува победничкиот чекор во Серија А. Тимот на Лучијано Спалети стигна до седмата победа, откако славеше на гости на „Олимпико“ против Лацио со убедливи 0-3.
Капитенот Мауро Икарди го доведе Интер во водство во 28.минута, а пред крајот на првиот дел Марсело Брозовиќ зголеми на 0-2. Во вториот дел, Аргентинецот Икарди уште еднаш се запиша меѓу стрелците.
„Нероаѕурите“ со овој триумф се искачија на второто место на табелата со 22 бода, шест помалку од лидерот Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА