Актуелниот англиски првак Манчестер сити го совлада Тотенхем на „Вембли“ со 0-1 и ја оствари осмата победа во Премиер – лигата оваа сезона. „Граѓаните“ со 26 бода повторно се на врвот на табелата, со оглед дека имаат подобра гол – разлика од Ливерпул.
Ријад Марез беше стрелец на победничкиот гол за Манчестер сити. Тој во шестата минута реализираше по проигрувањето од Рахим Стерлинг, а погодокот му го посвети на загинатиот претседател на Лестер.
Во вториот дел, Хари Кејн, Ерик Ламела и Деле Али имаа одлични шанси за израмнување, но, сепак, „граѓаните“ со полн плен си заминаа од „Вембли“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА