Голем корупциски скандал го тресе шпанскиот фудбал. Во текот на денешниот ден полицијата влезе во Фудбалската федерација на Шпанија и го уапси потпретседателот Анре Субез, заедно со уште еден функционер Јосип Контрерас.
Потпретседателот на федерацијата задолжен за финансии е уапсен поради истрагата за можна корупција во 2014 година, кога го водеше Фудбалскиот сојуз на Каталонија. Субез и Контрерас се осомничени за ’фингирање’ на трошоците за преуредување на седиштето на федерацијата.
Контрерас е сопственик на компанијата за недвижнини „Таставинс“, која на федерацијата на чело со Субез испорачала сметка од 518.702 евра. Тогаш претседател на Фудбалската федерација на Шпанија беше Анхел Мариа Виљар, кој 27 години беше на чело на шпанскиот фудбал, а си замина во 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА