Партизан успеа во намерата да доведе врвно тренерско име за ешф на стручниот штаб по заминувањето на Ненад Чанак. Италијанецот Андреа Тринкиери ќе биде нов кормилар на „црно-белите“, откако овој стручњак дојде на преговори во Белград, па по кратко размислување ја прифати понудата што ја доби од раководството на Партизан.
Српскиот весник „Спортски Журнал“ прв објави дека сите детали се договорени, повикувајќи се на извори од управата на Партизан, потоа се огласи и специјализираниот портал „Спортандо“, објавувајќи дека Тринкиери веќе им соопштил на свои блиски пријатели дека се сели во Белград. Овој стручњак тренерската кариера ја почна во Олимпија Милано, по што водеше неколку италијански прволигаши, извесно време беше и селектор на Грција. Последниот ангажман му беше како тренер на Брозе Бамберг во периодот од 2014 до 2018 година, во кој германскиот клуб беше дел од Евролигата.
Тринкиери ќе дебитира на клупата на Партизан на дерби-натпреварот од АБА-лигата против Мега, закажан за 3 ноември во Сремска Митровица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА