На Нејмар му се закануваат шест години затвор

Бразилската суперѕвзда Нејмар се соочува за можна затворска казна во должина од четири до шест години откако судот во Шпанија реши да го преразгледа неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година. Минатата година, на Нејмар му беше наредено да се појви на судењето за измама околу преминувањето на Камп Ноу.

Сега ситуацијата, според шпанските медиуми станува уште покомпликувана бидејки случајот е предаден на повисока судска инстанца задолжена за криминал, а прашањето ќе го разгледуваат тројца судии. Ова според медиумите значи дека евентуално изречената казна би била од четири до шест години затвор.

Случајот околу трансферот на Нејмар беше отворен откако по анонимна пријава во јавноста излезе дека првично објавената информација за платените пари не е точна, односно дека е многу поголема. Потоа барањето на Бразилскиот инвестициски фонд ДИС за поголем дел од трансфер сумата беше решена со договор надвор од судот. Сега шпанскиот суд сите инволвирани ги гони за измама.

 

 

Се вчитува...