Зголемувањето на бројот на репрезентации учеснички на светските првенства од 32 на 48 ми можело да се случи уште на Мундијалот во Катар во 2022 година, најавува претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Проширувањето е договорено за Светското првенство во 2026 година кога домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико.
Промената, ако биде направена ќе подразбира, Катар да се здружи во организацијата со неколку соседни држави.
„ Ги разгледуваме можностите. Разговараме со нашите пријатели од Катар, разговараме и со пријателите од целиот тој регион и се надеваме дека идејата може да се реализира“ – изјави Инфатино отворањето на новото седиште на Азиската фудбалска конфедерација.
Инфантино во говорот ги објаснувал и новите идеи за проширувањето на Светскиот клубски куп велејќи дека турнирот треба да прерасне во „вистинско натпреварување кон кое може да цели секој клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА