МКФ со последно предупредување: Кој не плати до утре, нема да игра викендов

Македонската Кошаркарска Федерација мака мачи да ги наплати долговите на клубовите од ланската сезона, иако од куќата на кошарката веќе им излегоа во пресрет на екипите за одложено плаќање, па дури и обезбедување на попуст.

Во изминатиот период речиси никој од должниците не врати ниту дел од средства што ги должи, па во денешното делегирање на Комесарот Владимир Цветковски покрај одредените официјални лица за викенд-натпреварите стои и забелешка – дека утре истекува последниот рок за клубовите должници да ги подмират обврските.

„Екипите кои имаат звездичка доколку до 01.11.2018 година (четврток) не ги подмират своите финансиски долгувања ке се примени член 51.6 од Пропозициите за натпреварување, односно екипите ке немаат право на настап и натпреварите ке ги изгубат со службен резултат“ – се вели во делегирањето на натпреварите од петтото коло.

Се вчитува...