Милан во суперинтересен натпревар успеа по голема битка да слави на домашен терен над Џенова со 2-1, меч што мина во знакот на Ромањоли, кој најпрвин си постигна автогол, а потоа беше и стрелец на голот за победа на „росонерите“ во судиското продолжение.
Сусо со еврогол по неполни три минути игра го отвори овој одличен меч, во кој гостите израмнија во второто полувреме. Во една мешаница најдобро не се снајде Бакајоко, топката стигна до Куате, кој го погоди Ромањоли и го изненади голманот Донарума.
„Росонерите“ при резултат 1-1 не реализираа неколку одлични шанси, за сепак да стигнат до заслужена победа во судиското продолжение, голманот на Џенова несигурно ја боксуваше топката, таа стигна до ногата на Ромањоли, кој од прва со левата нога од над 20 метри ја мести по гредата, за тотална еуфорија на „Сан Сиро“.
SUSO WHAT A GOAL! HE'S ON FIRE THIS SEASON!
[via @TVACM] pic.twitter.com/TlF0wIvIgN— TheMilanBible (@TheMilanBible) October 31, 2018
هدف جنوى التعادل في مرمى ميلان اقسم بالله دفاع غبي تحتار تسب من و تخلي من pic.twitter.com/jbUONbG8rJ
— TVACM (@TVACM) October 31, 2018
ROMAGNOLI IN THE 91ST MINUTE WHAT A GOAL!!!! https://t.co/X5N4beU8kf
— ItalianFootballTV (@IFTVofficial) October 31, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА