Цела репрезентација на Бенин заврши во затвор!

Дури десет фудбалери од репрезентацијата на Бенин завршија во затвор заедно со  селекторот и со поранешниот престедател на Фудбалската федерација на ова аафриканска земја, Анжорин Мушарафау. Тие се најдоа зад решетки бидејќи ги лажирале годините.

Иако  биле неколку години повозрасни, фудбалерите  со лажни документи се натпреварувале во конкуренција до 17 години. Но нивната измама е откриена и пред да биде донесена пресудата тие од септември биле во притвор.

За измамата со возраста, добиле шест месеци затвор, од кои пет условно и сега се пуштени на слобода, но репрезентацијата на Бенин е дисквалификаувана од Африканскиот Куп на нациите за играчи до 17 години.

Мушафара кој беше претседател на Фудбалската федерација на Бенин осуден е на 12 месеци затвор поради административни малверзации, како и селекторот Лафи Јeсуфоф и уште двајца членови на стручниот штаб.

Новиот претседател на Фудбалската федерација на Бенин, Матурин де Чакус по аферата изјави дека неговата цел е да ја искорени корупцијата, импровизацијата и аматеризмот во фудбалот во својата земја.

Се вчитува...