Лука Дончиќ стана вистински хит во НБА лигата. Со свооите фантастични настапи во деби сезоната во дресот на Далас маверикс, 19-годишниот Словенец ги воодушевува дури и големите ѕвезди.
Во синоќешниот натпревар, Далас загуби од ЛА лејкерс, но на Лука Дончиќ му се оствари големиот сон – да заигра против Леброн Џејмс. Дончиќ одново беше меѓу најдобрите во составот на Далас со 14 поени, а после мечот, Словенецот на подарок го доби дресот од „кралот Џејмс“ со потпис и посвета.
Среќниот Лука Дончиќ се пофали со драгоцениот подарок на својот инстаграм профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА