Стерлинг уште пет години во Манчестер сити

Рахим Стерлинг ќе стави крај на долготрајните преговори со Манчестер сити потпишувајќи нов петгодишен договор со актуелниот првак на Англија. Екс-фудбалерот на Ливерпул повеќе од една година преговараше за продолжување на соработката, за весникот „Мирор“ денеска да објави дека сите детали конечно се средени, а потписот ќе следи во наредните денови.

Стерлинг има плата од 175.000 фунти неделно според актуелниот договор, а со потписот на новиот договор сумата ќе се искачи на загарантирани 200.000 фунти неделно. Оваа бројка ќе се зголемува за секоја наредна година во следните пет сезони, а англискиот репрезентативец ќе добие и богати бонуси за секој освоен трофеј во дресот на „граѓаните“.

Реал Мадрид будно ја следеше ситуацијата во преговорите меѓу Стерлинг и Манчестер сити, но по ваквиот развој на настаните јасно е дека „кралевите“ ќе мора да бараат други опции за освежување на својата навална линија.

Се вчитува...