Виетнам добива место во календарот на Формула 1 за 2020 година, објави агенцијата Франс прес, цитирајќи извор од градските власти во Ханој кој треба да биде домаќин на уличната Ф1 трка.
Според најавата, трката во Виетнам ќе се вози во април 2020 година во близина на националниот стадион. Организацијата на трката нема да биде финансирано од државата туку ќе се користат средства од приватниот сектор.
Веќе подолго време Виетнам беше на радарот на сопствениците на Ф1, групацијата „Либерти медиа“, како потенцијално нова дестинација за најпрестижното натпреварување во мотоспортот. Спортскиот директор на ФИА, Чарли Вајтинг го посети Виетнам пред трката за ГН на Јапонија и изјави дека властите на оваа земја засилено работат за да станат домаќини на Ф1 трка. Вејтинг исто така потврди дека патеката ќе биде делумно на веќе постоечките улчици, а ќе биде изграден и еден нов дел.
Виетнам ќе биде трета трка во Југоситочна Азија во историјата на Формула 1, покрај трките во Малезија и во Сингапур.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА