Филип Талески максимално ефикасно ги искористи своите минути на терен и имаше значаен придонес во триумфот на Рајн Некар Левен на гостувањето против Бергишер со 25-30, во натпреварот од Бундеслигата. За Рајн Некар Левен ова е осма победа сезонава во 10 одиграни бундеслигашки натпревари.
Домаќините беа рамноправни само во првата четвртина од натпреварот до последното изедначување на 6-6, а потоа „лавовите ги презедоа работите во свои раце и на одмор заминаа со водство од 13-15.
Талески со извонреден погодок ја отвори серијата од 3-0 на Рајн Некар Левен на стартот од второто полувреме по која гостите се одлепија на 13-18 и до крај ја задржаа контролата на играта и на резултатот.
Македонскиот репрезентативец го заврши мечот со пет погодоци од седум обиди и беше втор стрелец во составот на Рајн Некар Левен зад искусниот Гудјон Валур Сигурдсон кој постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА