Кавани проговори за „расколот“ во ПСЖ

ПСЖ резултатски има перфектен старт со 11 победи во 11 натпревари во францускиот шампионат, но атмосферата во парискиот тим е далеку од идеална.

„Л’Екип“ уште пред еден месец откри дека Нејмар и Мбаше покренале завера против Едисон Кавани со цел да го избркаат од клубот уште во текот на оваа сезона. Влијателниот француски весник изнесе интересни статистички податоци кои потврдуваат деја навустина нешто не функционира како што треба во односите меѓу Уругваецот од една и Нејмар и Мбапе од друга страна.

Во „Л’Екип“ пресметале дека во оваа сезона дури 25 проценти од додавањата на Нејмар биле упатени во нозете на Мбапе, а само 5%, биле упатени за Кавани.

Мбапе пак 31 процент од своите додавања ги „адресирал“ кај Нејмар, а само пет проценти завршиле кај Кавани.

Уругваецот ги коментираше написи за наводниот „раскол“ во ПСЖ, негирајќи дека има такво нешто.

Тоа не е вистина. Не е вистина дека не се согласуваме добро. Имаме понекогаш проблеми во текот на натпреварите, но тоа е нормално и не значи дека ние не се поднесуваме. Верувам дека заедничката работа со тренерот Тухел на целата екипа ќе и даде потребна цврстина и дека сите заедно ќе имаме извонредна сеозна“ – изјави Кавани.

Се вчитува...