Данскиот суд не покажа милост кон Никлас Бентнер, осудувајќи го фудбалскиот репрезентативец од оваа земја на 50 дена затвор поради инцидентот во центарот на Копенхаген во кој голгетерот на Розенборг претепа таксист.
Возачот на такси-возилото најави тужба откако Бентнер му ја скршил вилицата, поради што мораше да му биде извршен и хируршки зафат. Судот по разгледаните аргументи оцени дека фудбалерот е виновен за физички напад со нанесување на тешки повреди, по што му е изречена казна од 50 дена.
Данскиот фудбалер веќе поднесе тужба што го одложува стартот на затворската казна, а неговиот клуб Розенборг објави дека се очекува Бентнер да се појави во стартниот тим на неделниот натпревар со Од Гренланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА