Европските медиуми во континуитет денеска, со серија информации, лиферуваат за огромен скандал кој ги тресе двете најмоќни светски спортски институции, ФИФА и УЕФА.
Како што пренесуваат поголемите европски медиуми, меѓу кои германски „Шпигел“ но и поголемиот дел француски медиуми, бројни нелегални активности на гигантот ПСЖ веќе неколку години интензивни се прикривани од страна на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино а со поддршка на поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини.
Според документите кои се објавуваат преку „Футболликс“, Инфантино и Платини прикривајќи бројни докази за нелегални активности на ПСЖ му овозможиле на клубот да ги избегне сите санкции поради кршењето на финансискиот фер-плеј.
[#ÉditionSpéciale] Le PSG et le Qatar fraudent, l’UEFA couvre.
Cette nouvelle saison des #FootballLeaks représente la plus grande fuite de l’histoire du journalisme. 70 millions de documents ont été analysés pendant 8 mois par 15 médias @EICnetwork ➡ https://t.co/xunhXIwtxa pic.twitter.com/EFcmMmsJaM
— Mediapart (@Mediapart) November 2, 2018
Јавна тајна е дека ПСЖ троши неконтролирани пари за да го освои фудбалскиот свет, но за сето тоа постојано избегнува казна. Иако постојано се шпекулираше дека ќе добие жестока казна за сето тоа, секогаш успева и да ја избегне. И според сознанијата на француски „Медиапорт“, сопствениците на ПСЖ во клубот вложиле 1,8 милијарда евра со што ги нарушиле правилата на ФФП, но токму благодарение на Инфантино и Платини секогаш ги избегнувале казните. И двајцата се погрижиле да ги прикријат незаконските работи на францускиот шампион со што и самите се соучесници во огромен криминал.
Во документите постојат докази дека Џани Инфантино се погрижил и Манчестер сити да добие само блага казна и покрај нарушување на строгите финансиски правила.
Комплетните доказни материјали сега се објавуваат од 20 највлијателни медиуми од Европа, откако претходно истите анализирале повеќе од 70 милиони страници документи од база на „Футболликс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА